Не користи тоалетна хартија - тоа за неа е фрлање на пари: Начинот на кој оваа жена штеди пари шокираше многумина

Жена не користи тоалетна хартија за да заштеди пари. Меѓутоа, тоа не е единствената работа на која штеди, а многумина беа зачудени кога покажа на каков начин живее.

Кејт Хашимото веќе подолго време живее во Њујорк кој за неа, како и за многу други луѓе е многу скап град. Меѓутоа, со текот на времето научила да штеди на многу работи и да се ценка.

Една од работите на која исто така штеди е тоалетната хартија, која важи за една од основните потреби на човекот.

Наместо во обични маркети и продавници, Кејт во главно купува од бувљаци. Постојат и посебни места на кои не се користат пари, туку продуктите се разменуваат со други продукти кои ги нудат другите луѓе. Често се случува да купа по ѓубре, додека марамчињата од јавните тоалети ги користи повеќе пати.


Нејзиниот стан е вистински пример на кој се гледа на што сѐ штеди. Наместо кревет, користи подлога за јога која некој сакал да ја фрли. Во плакарот има полна кутија со бесплатни примероци од разни работи кои ги добила на Интернет или во разни продавници.

Облеката ја „пере“ на посебен начин, додека во вршењето на нужда наместо тоалетна хартија, користи вода и сапун.

фото: Принтскрин / Јутјуб