Не ми даваше да излегувам од дома. Мислев ќе биде подобро кога ќе имаме дете, но дознавме дека сум неплодна и следуваше пекол: Потоа добив чудо

Знаев дека постои причина за се‘

Го запознав мојот прв сопруг кога имав 14 години, онлајн. Беше неколку години постар од мене и беше оддалечен три часа возење. Кога заврши средно училиште, се пресели да биде поблиску до мене, иако тогаш имав 16 години. Моите родители ме добиле многу млади и не го завршиле факултетот поради мене. Не сакав да ја повторам нивната грешка, па веднаш отидов на гинеколог да видам кои се моите опции за контрацепција.

Се сеќавам дека гинекологот ме праша кога го имав последниот циклус, а јас немав одговор бидејќи менструацијата ми беше нередовна. Тогаш утврдивме дека боледувам од синдром на полицистични јајници и дека тешко дека воопшто ќе можам да имам деца. Ја потиснав таа информација и животот продолжи. А мојот дечко беше остварување на сонот. Ја испланиравме нашата иднина заедно и штом завршив средно училиште, почнавме да живееме заедно. Набрзо се веривме. Двајцата отидовме на факултет и работевме со полно работно време, се присетува Џули Едмондсон од Индијана.

По една година брак, се преселивме во поголем стан, со дополнителна спална соба. Иако знаевме дека тешко ќе можам да забременам, се надевавме и сонувавме да имаме дете. Избравме дури и имиња.

Меѓутоа, набрзо нашата врска почна да се менува и одеднаш сè што ќе направев беше погрешно. Почна да ме спречува да останам подолго на работа, не ме пушташе да одам во читална да учам и во основа не ми даваше да се движам никаде без него. Веќе ги немав моите пријатели, само неговите. Постојано ме потсетуваше на жртвата што ја направи затоа што се исели од својот град и го остави своето семејство за да бидеме тука заедно. Постојано ми ги проверуваше телефонот и пораките и морав да му пријавам со кого разговарам и зошто.

Мислев, ако му родам дете, сигурно ќе биде подобро.

Капката што ја прели чашата се случи на мојот 21 роденден. Неколку пријатели дојдоа кај нас да прославиме. Си легнав околу полноќ бидејќи сабајле бев на работа, а тие останаа. Мојата најдобра пријателка ми се довери дека мојот пијан сопруг постојано ја задевал. Бев целосно депресивна со месеци, го запоставив факултетот и воопшто престанав да излегувам од дома.

Неколку месеци подоцна, се сеќавам на тоа, седејќи во кола му кажав на сопругот дека сакам развод. Бевме во лоша финансиска ситуација и знаев дека ќе ми биде тешко да се снајдам самостојно, што и тој ми го објасни. Решивме да почекаме неколку месеци, додека не ни истече киријата за станот, па потоа да се разделиме. Кога дојде тој момент, се спакував себеси и него - затоа што се правеше дека ништо не се случува. Една вечер, додека ги пакував работите од кујната, тој фрли кон мене тенџере. За среќа, промаши, но следниот ден поднесов барање за развод. Никогаш не се вратив во нашиот стан, се плашев да бидам сама со него.

Некаде во тоа време, запознав пријател на моја колешка од работа. Постојано се смеевме и за прв пат бев среќна. Првиот состанок го имавме во неговата куќа, игравме табла, јадевме пица и гледавме филм. Мајкл исто така беше разведен и имаше две деца. Тоа беше одлична вест за мене, бидејќи значеше дека ако врската стане сериозна, тој нема да ме притиска да имаме дете.

Наскоро се венчавме. Тој, јас и децата бевме вистинско среќно семејство. Не се откажавме од идејата да имаме заедничко дете и почнав да одам на третмани за плодност. Набрзо забременив, но веднаш ми рекоа дека ќе абортирам. За жал, тоа и се случи.

Не се откажавме, а после многу борби останав бремена. Блескав од среќа. Не ми пречеа мачнините или непроспиените ноќи, само сакав бебето да биде добро.

Денес, нашата ќерка има три години и мојот живот е потполн. Омажена сум за прекрасен човек, добивме дете по некое чудо. А нејзиниот постар брат и сестра ја обожаваат. Никогаш не можев да замислам дека еден ден ќе бидам толку среќна.

Сега ми е јасно дека мојата неплодност имаше цел - да не добијам дете со насилник и да не останам во насилен брак поради тоа дете. Тоа е вистинско чудо. Затоа и денес ја чувам првата слика од ултразвукот на ќерка ми во кола, за да се сетам дека се‘ се случува во вистинско време и дека тогаш, во вистинското време, ќе биде подобро отколку што се осмеливме и се надеваме.


Фото насловна: Фејсбук - Julie Zinser

Можеби ќе ве интересира: 

Крадела храна за да преживее, денес ужива во богатство со благородник: Трагичното детство на оскаровката Џесика Честејн