Не престанува да се тресе земјата: Нов силен земјотрес во Хрватска!

Во 12:20 часот повторно се затресе централна Хрватска. 

ЕМСЦ објави дека епицентарот бил во близина на Петриња, а земјотресот бил со јачина 6,3 степени според Рихтеровата скала.

Првите сцени од Петриња се драматични, има многу урнатини, пишува blic.rs.

Во Загреб одекнуваат и пожарни сирени, жителите на метрополата известуваат дека сè се тресе, доаѓаат извештаи за големи штети, а исто така на некои места снемало и електричната енергија, пренесува „Јутарњи лист“.

Според очевидци, Загреб „се тресел“ добри 20 секунди.

Земјотресот бил почувствуван и во Белград и другите делови на Србија.

Повеќе детали наскоро.