„На 21-година не треба да се гордееш што чекаш четврто дете“: Луѓето беа груби кон неа, а оваа мајка на тоа одговори вака

На оваа мајка ѝ рекле дека не треба да се гордее со своето четврто дете.

Мајката на три деца, која има само 21 година, открила дека веќе пристигнува четвртото бебе.

Младата мајка Криста изјави дека прв пат била бремена во 2018 година, а наскоро ќе го роди и четвртото бебе. Таа и нејзиниот сопруг се заедно со години, имаат своја куќа, три среќни и здрави деца, но сепак наидуваат на осуда од околината.

„Не треба да се гордееш што чекаш 4-то дете, а имаш само 21 година“, ѝ рекоа многумина. Оваа мајка, сепак, не сака да слуша вакви коментари и вели дека не и е грижа за тоа, па дури и ја цитира песната „Не ми е гајле што велат, вљубена сум во тебе“ и покажува кон нејзиниот стомак. Таа опиша колку е среќна што нејзиното бебе пристигнува за време на празниците.

@christacelia

like it’s a CHRISTMAS BABYim so excited. #fyp #christmasbaby #TargetHalloween #youngmom #29weekspregnant

original sound - rein

Имаше и коментари од луѓето дека имаат толку многу деца за да добијат парична помош од државата. „Нема помош, тато има добра работа. Јас се грижам за децата“, објасни младата мајка како функционира нивното семејство.

Сепак, овие коментари беа проследени со голема поддршка и разбирање. Голем број мајки и порачаа дека ѝ посакуваат се најдобро и дека тоа е најубавото нешто на светот. „Вие сте прекрасно семејство“, „Совршено ви оди, луѓето зборуваат глупости“, беа дел од коментарите за поддршка. „Имам 22 години и сега го родив моето четврто дете. На кого му е гајле што мислат другите, бебињата се ваш благослов", доде во коментар друга млада мајка.


Фото и Видео: ТикТок