Не успеавме сонце мое, Бог те зема: На 44-годишна возраст почина Ивана, ќерката на Југословенската дива

Југословенската дива, пејачката Мери ја израснала Ивана како самохрана мајка и била среќна што Ивана ја избрала музиката како нејзин повик и што имале можност да соработуваат заедно и честопати укажуваa на тоа колку се поврзани и колку добро се сложуваат.

Тажна вест утрово сподели на социјалните мрежи Југоловенската дива, пејачката Мери Цетиниќ (67). Во трогателна порака таа се прости од својата ќерка Ивана Буриќ.

Нејзината ќерка починала, како што пишува, на 44-годишна возраст во болницата КБЦ Сплит.

- Со огромна болка објавувам дека мојата сакана ќерка Ивана Буриќ почина вчера во Клиничката болница во Сплит на 44-годишна возраст. Ти беше мојот скапоцен камен, твојата прекрасна поетска душа, исполнета со љубов и нежност, голем музички талент, хумор... ни го направи животот среќен, полн со љубов... Ти се закануваше тешката болест, но заедно ја надминавме... Но, овој пат беше посилна, не успеавме, сонце мое драгиот Бог те зеде во неговите раце, во височините на небото, sвездите... а на твојата неутешна мајка ѝ ја остави најдлабока тага... Твоето, стотици пати повторувано „Мамо, те сакам“ ќе одекнува во моето срце засекогаш! Почивај во мирот Божји, моја најмила Иви... - напиша тажната мајка.

Инаку пејачката Мери била двапати прогласувана за пејачка на годината на територијата на цела поранешна Југославија, а нејзини песни се некои од најпознатите евергрини кои и ден денес се слушаат

извор:24sata.hr