Нејзините елки се ремек-дела: Љубовта кон празниците ја претвори во бизнис (ФОТО)

Насловна фотографија: @danceranddasher

Алана е професионален украсувач на елки, а нејзиниот мал бизнис полека се претвора во сериозна приказна.

Алана е мајка на две деца, живее во Сиднеј, Австралија. Нејзиното омилено годишно време е зимата, бидејќи е време на божиќните и новогодишни празници.

Пред неколку години дошла на идеја да отвори профил на Инстаграм, каде што ќе објавува слики од украсени новогодишни елки и новогодишни украси. Со тек на време отворила агенција, ангажирала девојки кои ѝ помагаат, а сега има цел тим кој на магичен и необичен начин ги носи новогодишните празници.

Елките што таа ги украсува се уникатни и различни, без разлика дали се тоа помали дрвја или високи над два метри. Алана прави уметничко дело од секоја елка.










- Отсекогаш сум ги сакала празниците, особено украсените елки, па решив да ја направам „Dancer and Dasher“. Сакав да ја споделам со моите следбеници возбудата и опсесијата што ги чувствувам кога се во прашање новогодишните и божиќните ситници и да посочам колку е важно да се создаде магичен амбиент во најсвеченото време од годината- напиша Алана на својата веб-страница.