, ,

Некогаш кога ќе ми донесе чоколадо, ќе му кажам дека е најлошиот татко во градот...

фото:Shutterstock

Денес, скоро секој трет брак завршува со развод. Кога луѓето веднаш по свадбата ќе сфатат дека не се едни за други и веднаш се разделуваат, без последици, некако сè побрзо се надминува.

Но, кога имаат и деца, работите се комплицираат. Да се каже збогум не е толку едноставно, иако на многумина им изгледа така. Детето си ги сака и мама и тато.

Славниот српски поет Недељко Попадиќ можеби најдобро има објаснето како изгледа разводот од детска перспектива преку песната „Најлошиот татко во градот“.

„Чад во собата, тишина. Погледот го крие од мене. Загледан, сам, залудно, тато пие ракија.
Како нешто да го вознемирува, тој бара спас во пијалакот... Сè поблизу е до дното на шишето и сè повеќе се оддалечува од нас.
Тато не може повеќе без ракија, како без вода...
Се плашам дека мајка ми може да оди некаде во текот на ноќта.
Очите му се матни, усните стануваат сè побледи. А старите пријатели сè помалку доаѓаат кај нас.
Некои се разболуваат, некои умираат во војната… А јас гледам како шишето го убива татко ми. 
Мама и тато не се сакаат утрово. Па, понекогаш таа ме тепа, понекогаш тој. А уште ме болат ударите од оној Јанко, од вчера.
Мама и тато утрово не се сакаат. Па, ја бараат вината, како да е важно… Ох, кога би сакале, еднаш, поради мене, уште еднаш цврсто да се прегрнат.
Мама и тато утрово не се сакаат. Велат: "Готово!" Говорат чудни зборови: „судница, лудница, тужба, пекол, станари…“
Мама и тато утрово не се сакаат. Сам сум во средината… Глумат странци. Кога би имал барем брат, да ги врземе во ланци.
Мама и тато утрово не се сакаат. Утрово сум осамен, најосамен од сите. Зборуваат со кого ќе живеам од утре. Ми нудат млеко, а јас ги сакам нив.
Мама и тато утрово не се сакаат.
Тато би заминал некаде по светот. Не им е грижа што оној Јанко ќе стане посилен од утре.
Го облече палтото. Ништо не рече. Моето срце почна силно да чука.
Тато ја остава мама. (Велат, заради некоја жена…) Само не ми е јасно зошто ме остава мене.
Како да го задржам со моите мали раце? Тој многу добро знае колку стравувам навечер од темнина.
Некогаш кога ќе ми донесе чоколадо, ќе му кажам дека е најлошиот татко во градот.
А мајка ми треба да се засрами. Наместо да викне: „Чекај, застани!“ Таа му вели: „Оди!“

(Недељко Попадиќ)

Владета Јеротиќ: Како сопружниците си го уништуваат бракот