Неколку часови пред историскиот фудбалски натпревар за Македонија: Ве запознаваме со најголемата поддршка на капитенот Стефан Ристовски

Репрезентацијата на Македонија денес во Порто го игра еден од најголемите натпревари во историјата, дуелот со Португалија за пласман на Светското првенство во Катар 2022, откако го елиминираше европскиот првак Италија, во баражот за Светско, кога забележавме историска победа.

„Сигурно ова е најважниот натпревар во историјата на нашиот фудбал, можеби светот не веруваше дека ќе бидеме тука, оваа соблекувална има нешто што другите немаат, спремни сме за ова големо финале. Не ни сонував дека ќе играме со Португалија за пласман на СП, но затоа фудбалот е убав, првата пречка ја поминавме, тука сме да играме против 50.000 Португалци на трибините, ќе играме да победиме“ - рече капитенот Стефан Ристовски на прес-конференција на Македонија пред дуелот со Португалија.

фото:instagram

Ристовски стана капитен на нашата фудбалска репрезентација минатата година, по пензионирањето на Горан Пандев од репрезентацијата. 

фото:instagram

30-годишниот фудбалер ја носи почесната титула капитен, а со тоа има значителна одговорност за стратегијата и тимската работа кога се игра на терен, но е и позиција која укажува на чест и почит. А како предводник на националниот тим, на чекор до пласман на Светско првенство, Стефан покрај себе има фамилија која му е најголема поддршка, односно неговата сопруга Андреа и двете синчиња, тригодишниот Давид и малиот Лука.

 


Стефан се ожени со Андреа во 2017 година, а година подоцна го добија првото детенце Давид.




А минатата година нивното семејство се зголеми за уште еден член, малиот Лука.


Но, вечерва цела Македонија и пошироко сме поддршка за нашата репрезентација. Веруваме во вас дечки! Македонија навива за вас - милион срца, една победа!