Невидено злоставување во детска градинка: Воспитувачки во Белград им удираат шамари, ги влечат и газат две годишни деца

Во белградската населба Вождовац во градинка каде родители носеле на згрижување две, три-годишни деца,  воспитувачките ги злоставувале, ги тепале, па дури и ги заклучувале во посебна просторија ако „не биле мирни“. Начинот на „чување и грижа“ за дечињата е обелоденет во видео кое ги запали социјалните мрежи, а на снимката која е направена со мобилен телефон се гледа како воспитувачките ги малтретираат уплаканите деца.

Бруталноста од страна на воспитувачките оди до таму што на снимката се гледа како една од нив буквално го влече држејќи го под мишки, а пак друга го држи детето на под и го гази додека тоа плаче.

Надлежните во Србија, по објавата на видеото во јавноста, веднаш направиле увид при што е откриена и просторијата каде дечињата биле заклучувани.

Видеото од воспитувачката, како удира, влече и гази две годипни деца, погледнете го ан фактор.мк