Никогаш не помислував дека ќе имам рак на тироидната жлезда на 28 години: Ако го забележите ова на вратот, веднаш одете на лекар

Ѕвездата на британското телевизиско шоу „Hollyoaks“, Аби Филипс (28) на Инстаграм објави дека боледува од рак на тироидната жлезда, а лекарите на првиот преглед ја увериле да не се грижи бидејќи е млада. За жал, на вториот преглед и е констатирано малигно заболување.

Сигналот за Аби Филипс, која вчера на Инстаграм ја објави веста дека има рак на тироидната жлезда, и биле две испакнатини на вратот, а веднаш штом ги забележала побарала лекарска помош. Иако докторот и рекол дека најверојатно се работи за нешто безопасно - последица на настинка или знак дека „нејзиното тело се бори со нешто“, пред се поради возраста, таа побарала друго стручно мислење. И добро е што го направила тоа затоа што друг доктор итно ја упатил на снимање и биопсија.

View this post on Instagram

A post shared by Abiphillipsuk (@abiphillipsuk)



Таа на Инстаграм напиша дека е фотографирана пред прегледот, надевајќи се дека навистина е нешто безопасно. „Изгледам смешно во оваа облека и треба да одам на концерт“, помислила таа во болницата.

Аби минатиот месец дознала дека боледува од рак, а и била закажана итна операција и зрачење.

„Никогаш не мислев дека некој ќе ми каже дека имам рак на 28 години. Никогаш не мислиш дека вакво нешто може да ти се случи“, Аби откри дека размислувала на ист начин како и лекарот кај кој прво побарала совет.

Таа на Инстаграм напиша дека секој кој ќе забележи промени на вратот, веднаш да побара помош од специјалист и да инсистирате на тестирање бидејќи раната дијагноза, како и кај сите болести, е клучна за лекување и закрепнување.

Аби Филипс наскоро ја очекува операција.

Што треба да знаете за ракот на тироидната жлезда?

Постојат неколку форми на рак на тироидната жлезда. Папиларниот карцином е одговорен за 60 до 70 проценти од сите карциноми на тироидната жлезда. Се јавува главно кај жени кои заболуваат два до три пати почесто од мажите. Покрај тоа, почест е на помлада возраст.

По него следи фоликуларниот карцином, кој сочинува околу 15 проценти од карциномот на тироидната жлезда, а почест е кај постарите лица и кај мажите. Помалиген е од првиот облик.

Анапластичниот рак сочинува 10 проценти или помалку од сите видови на рак на оваа жлезда. Во повеќето случаи, тој се јавува кај постарите лица. Забележано е дека мажите го добиваат почесто.

Треба да се спомене и медуларен карцином кој може да се јави поединечно, најчесто на едната страна или може да се наследи кога ќе се појави на двете страни на жлездата.

Важно е да се каже дека стапката на излекување кај помладите луѓе со мал папиларен тумор е исклучително висока бидејќи далечните метастази се многу ретки.

Генерално, ракот на тироидната жлезда најчесто се јавува на возраст од 30 до 60 години, три пати почесто кај жените, иако може да се појави на која било возраст.

Што може да укаже на рак? Проблеми со голтањето, засипнатост, долготрајно воспалено грло, опипливи лимфни јазли на вратот, болка во вратот што се шири до увото и израстоци на жлездите кои растат се можни симптоми на рак на тироидната жлезда. Ако се работи за голем тумор, може да настанат проблеми со дишењето.

Фактори на ризик вклучуваат изложеност на зрачење во детството и генетска предиспозиција.

Третманот се состои од зрачење со радиоактивен јод и хируршко отстранување на тироидната жлезда и лимфните јазли, по што се применува хормонска терапија за да се спречи лачењето на тироидо-стимулирачкиот хормон од хипофизата, со цел да се намали повторувањето на ракот.

Статистиката вели дека пациентите на кои им била целосно отстранета тироидната жлезда и кои биле на терапија со зрачење со јод се изложени на исклучително низок ризик од повторување (два проценти).

Ако туморот се открие навреме и се третира соодветно, стапката на излекување е висока.


Извор: zena.blic.rs

Фото: Инстаграм