,

Никол Кидман блесна на насловната страница на престижен магазин и откри како ја одржува фигурата во шестата деценија: „Го почитувам принципот 80-20“

Добивај вести на Viber

Новиот филм на Никол Кидман, „Being Ricardos“ ја виде светлината на денот пред празниците, а тоа беше можност за 54-годишната актерка да ја добие насловната страница на зимското издание на магазинот „DuJour“. Она што сите веднаш го забележаа е нејзиниот заносен изглед и топ форма во која актерката е во шестата деценија.

Покрај интервјуто, Кидман го направи и фотографирањето, а со неколку фотографии ги почести фановите на Инстаграм. Сите веднаш ја забележаа нејзината фантастична фигура, а луѓето посебно ги погодија нејзините извајани стомачни мускули. „Зимата е во Америка, а летото е во Австралија. А јас официјално сум девојка на две хемисфери", напиша Кидман, заблагодарувајќи му се на списанието за соработката.

View this post on Instagram

A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman)


„Трчам, возам велосипед, вежбам јога, што и да можам и каде и да можам. Различноста е најдоброто нешто што сум го открила. Ако замислите да станувате и да трчате неколку милји секое утро и така натаму до крајот на животот, треба да знаете дека најверојатно ќе ви здосади, по што ќе го исклучите алармот по една недела“, изјави таа за Лос Анџелес Тајмс, додавајќи:

„Затоа се трудам да комбинирам се што знам - трчање, јога, дури и пешачење со сопругот, а сакам и да возам стационарен велосипед“.

Никол Кидман сака и јавање, а кога е исхраната во прашање, го почитува пристапот 80-20. Со други зборови, 80 проценти од времето внимателно ја планира исхраната и се труди да јаде само здрава храна, а 20 проценти од времето ужива во она што го сака.


Фото: Инстаграм - Никол Кидман