Нов извештај од судскиот совет: Вештак тврди дека Махса Амини не починала како последица од ударите во глава

Младата Иранка Махса Амини не починала како последица од ударите во главата, покажува извештајот од обдукцијата. 

Во извештајот на судскиот совет се наведува дека таа починала поради откажување повеќе органи како последица на церебрална хипоксија, пренесе официјалната иранска новинска агенција ИРНА. Во извештајот се вели дека таа колабирала додека била во притвор поради основни заболувања, пренесува „Ал Арабија“.

„Поради неефикасна кардиореспираторна реанимација во првите критични минути, таа претрпела тешка хипоксија, односно намален доток на кислород, а како резултат на тоа дошло до оштетување на мозокот“, се додава во извештајот.

Целиот текст може да го прочитате на Фактор.

фото: Принтскрин / Твитер