НОВИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУСОТ СТИГНА ВО СРБИЈА - Вучиќ кажа дека го донела девојка од Лондон

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера изјави дека британскиот сој коронавирус пристигнал во Србија.

„Многу сум исплашен, но важно е дека дознавме навреме. Се надеваме дека можеме да го запреме тоа“, рече тој, додавајќи дека новиот вид го донела девојка од Лондон која има поблаги симптоми.

Лабораторијата на Институтот за микробиологија и имунологија на Медицинскиот факултет во Белград го изолира првиот случај на британската варијанта на мутиран вирус на корона.

„Ја изолиравме британската варијанта на вирусот во примерок од пациент кој пристигна од Велика Британија“, рече професорката Тања Јовановиќ за Танјуг.

Британскиот вид на коронавирус сè уште не е доволно истражен. Познато е дека вирусот се шири побрзо и полесно меѓу луѓето. Лекарите велат дека регистрираните вакцини против коронавирус штитат и од мутирани видови на вирусот.


Фото: Youtube/Screenshoot/Al Jazeera Balkans

Moжеби ќе ве интересира:

Голема тага: Почина 10 годишно момче – најмладата жртва на ковид-19