Голема тага: Почина 10 годишно момче – најмладата жртва на ковид-19
Десетгодишно момче кое било заразено со коронавирус почина во Хрватска. Тоа е најмладата жртва на Ковид-19 во таа земја.
Момчето починало на клиниката за инфективни болести д-р „Фран Миха Mевиќ“ во Загреб како резултат на инфекцијата.
Според неофицијални информации на хрватските медиуми, момчето не страдало од други болести, но имало ретка компликација, односно мултиоргански воспалителен синдром, кој се јавува како прекумерен имунолошки одговор на организмот на инфекција.
Момчето кое ја загуби битката против Ковид-19 развило мултисистемски воспалителен синдром (МИС-Ц), многу редок и особено опасен синдром кој погодува деца на возраст од две до 15 години, а кој беше откриен во април минатата година во САД и Велика Британија, кај деца со коронавирус.
Синдромот има значителни сличности со синдромот на токсичен шок и синдромот Кавасаки и предизвикува воспаление на крвните садови низ целото тело.
- Воспалението може да го ограничи протокот на крв и да го оштети срцето, бубрезите и другите органи. Синдромот може да биде последица на имунолошкиот одговор на организмот на присуството на коронавирус - објасниле американски имунолози откако во таа земја биле регистрирани 1.659 случаи на тој синдром за шест месеци, од кои 26 завршиле со смрт.
Според претходните искуства, смртноста кај деца погодени од овој синдром е околу 1,5 процент.
Специјалисти за инфективни болести советуваат родителите итно да побараат медицинска помош доколку болното дете има температура над 38 степени Целзиусови за 24 часа или подолго и дека покрај треска, има и барем еден од следниве симптоми: необична слабост, црвен осип, болки во стомакот, повраќање, дијареја, отечени раце или нозе, црвени и испукани усни, црвени очи.
Фото: фактор.мк
Можеби ќе ве интересира:
Родители внимавајте: Употребата на антибиотици и витамини може да предизвика сериозни последици