ОЧЕКУВА ДЕКА ЌЕ ДОБИЕ 10 МИЛИОНИ ДОЛАРИ - девојка тврди дека била силувана на крузер, парите се за емоционална вознемиреност

Федералниот суд во Мајами пресуди дека Carnival Cruise Line ѝ должи повеќе од 10 милиони долари на жена која тврди дека била силувана од член на екипажот за време на крстарење во 2018 година.

Пресудата утврди дека вработениот Фреди Ангара силувал жена која поднела анонимна жалба во 2019 година. Поротата ѝ наложи на компанијата да плати 243.000 долари за минати и идни медицински трошоци, како и 10 милиони долари за емоционална вознемиреност.

„Колку што разбрав, тоа е најголемата пресуда досега за жртва на сексуално насилство врз голема компанија за крстарење“, изјави Даниел Кортни, адвокатот на жената која ја поднела тужбата. И жртвата и компанијата можат да се жалат, но адвокат вели дека процесот може да трае со години.

Детали читајте на Фактор тука.