Од љубомора момчето ѝ го унакази лицето со киселина: Имаше 400 пластични операции, а денес изгледа вака

Во 2008 година светот се изненади по информацијата дека на познатата водителка Кејти Пајпер, соработник на нејзиното момче, истури киселина врз неа и ѝ го уништи лицето. Последните 9 години Кајти ги помина во болница обидувајќи се да го врати стариот изглед.

Изгорена и е 90 проценти од кожата на лицето, а таа целосно го изгуби видот.

Во моментот кога тоа се случи, таа имаше 24 години. Заради љубомора нејзиниот живот веднаш се претвори во пекол. Стефан Силвестри ја поли водителката по наредба на нејзиното момче, Дени Линч.

Во тоа време, таа ја започна својата кариера како ТВ-презентерка и се пресели во Лондон. Линч стапи во контакт со Кејти преку Фејсбук и по неколку недели преписка, таа се согласи да се видат. Се сретнаа, излегоа неколкупати и потоа започнаа врска.

По само 2 недели врска, се случи првиот инцидент. Кејти и Линч се најдоа во хотел и токму тогаш нејзиниот живот се смени целосно. Во хотелската соба, Линч ја тепал и силувал Пајпер. Тој се заканил дека ќе ја пресече со брич и ќе ја обеси. На крајот, тој ја прободел неколку пати во рацете. Таа пријавила сè во полиција, но два дена по нападот, Линч ја повикал Пајпер да ѝ се извини. Тој ја убедил да оди во интернет кафе за да ја прочита пораката што и ја испратил на Фејсбук.

Соработник ангажиран од Линч и пришол додека таа седела во тоа кафуле и ја полил со киселина.

Фотографиите од нејзиното лице ја шокираа јавноста, а многумина не можеа да ја препознаат поранешната убавица.

Таа не излегуваше од куќата една година, а потоа реши да си го врати животот и да стане пример за силна жена. Денес, таа се залага за правата на жените и им помага на жртвите на злоупотреба преку добротворната организација што ја отвори.

Потсетувајќи се на нејзините први денови во болницата, таа рече: „Медицинската сестра која се грижеше за мене започна да зборува за Бога и религијата обидувајќи се да ме утеши. Во тој момент, мислев дека мојот живот е готов. Но, се сеќавам дека таа ми рече: „Работите се случуваат со причина. Ова не е крај. Бог ви подготвува големи работи“. Таа ноќ се помолив за прв пат. Тогаш се случи најчудната работа. Собата изгледаше неверојатно светла и почувствував топла прегратка која ме обвива. Глас во главата ми рече: „Сè ќе биде добро““, рече таа.

Досега имала 400 операции, а последната беше неодамна. По успешната процедура, таа преку социјалните мрежи им порача на сите да не се откажуваат никогаш и дека секогаш треба да најдете позитивна страна во животот, дури и кога тоа е најтешко.

Кејти по инцидентот успеа да изгради успешна кариера. Денес таа е заштитно лице на многу брендови и украси многу насловни страници. Таа покрај себе ја има љубовта на својот живот и ќерката Бел Елизабет. Пред неколку години, таа самата немаше да верува дека сево ова е можно.

И Стефан Силвести и Дени Линч беа осудени на доживотен затвор, со можност да бидат ослободени од затвор по 12 години (Стефан) и 16 (Дени).