Од прослава до донација: Поранешни ученици на ООУ „Ј.Х. Песталоци“ со одлична иницијатива

„Сите возрасни прво биле деца, но малку од нив се сеќаваат на тоа.” - „Малиот Принц“

Со оваа мисла го започнуваме раскажувањњто на приказната за неописливата љубов на поранешните ученици кон своето Општинско Основно училиште „Ј.Х. Песталоци“ од Скопје. Имено училиштето кое важи за симбол на солидарноста, заедништвото и другарувањето минатата година прослави петдецениска воспитно-образовна работа.

За тој повод, поранешни ученици на „Песталоци“ формираа одбор за организација на забава, од која деновиве донираа седум компјутери и друга ИТ опрема за потребите на училиштето.

- Како претходен ученик, а сега родител во тоа училиште, добив информација дека е во план да има одбележување на 50- годишнина од училиштето. Дојдовме до идеја, контактиравме со училиштето за форма за забава којашто ќе биде организирана од страна на учениците и веднаш добивме позитивен одговор и дозвола да може ден порано да ја  организираме таа забава - започнува да раскажува Александар Пејчиновски, дел од  организациониот одбор на „50 години Песталоци“ и сега веќе „Алумни“ врзано со самото училиште.

Забавата која се одржа минатата година во мај, беше комплетно организирана од тимската работа на поранешните ученици на училиштето, од кои девет ученици (од различни генерации) беа во директна огранизација со целосна подготовка на сценарио до сите детали за настанот.

- Во школскиот двор зедоа учество само поранешни ученици од „Песталоци“. Се што беше комплетно обезбедено, од бината, до поддршка од најразлични спонзори поврзани со наши соученици, од школски клупи импровизиравме шанкови, имавме поддршка и од Општина центар, а се издаде и монографијата од првиот директор на училиштето - Кочо, која беше во продажба со симболична цена.

Гостуваа многу поранешни ученици и диџеи во самата организација, тука беше и Билјана Драгичевиќ како глумец на Петко, едно од одделенијата ја отвори забавата со настап на сите песни, имаше говор од директорката, и потоа продолжија настапи на сите музичари, бендови и групи, меѓу кои и Гаро Тавитјан, Живојин Глишиќ...

Калина Наумовски, Викса и Дејан Лилиќ беа во водителскот дел. Беа вкулчени и оркестарот и хорот, наставничката Трендафилка којашто го водеше мандолинскиот оркестар заедно со ученици, доста дојдени и од странство- настапија со 3-4 нумери, заедно со хорот-  детално објаснува Пејчиновски. 

Имаше и лајв-стрим на целиот настан, и беше отворена можноста да го следат сите ученици кои се надвор од земјава и не успееаја да присуствуваат. Училиштето за време на настанот беше целосно отворено, сите имаа прилика да се потсетат на своите училници, а притоа немаше никаков инцидент.

- Многу евоциравме спомени, емотиввни моменти со сите поранешни професори кои беа дојден, навистина една преубава атмосфера- која вроди со супер плод- вели тој.

Забавата којашто почна во 6 часот попладне и траеше до полноќ, продолжи во клубот „Епицентар“ каде што исто газда е поранешен ученик на Песталоци.

После повеќе од половина година со средствата собрани од забавта по повод 50 годишнината на „Песталоци“, одборот донираше седум компјутери и друга ИТ опрема за потребите на училиштето, за што јавно се заблагодари и директорката Катерина Атанасова.

- Помина период, ние чекавме пригода, се мислевме што и како да се донира со тие средства што ги собравме од настанот. Училиштето се обрати со барање за помош од потреба за компјутери коишто ние ги набавивме, ги инсталиравме и вчера ги доставивме таму.

Но нашата работа нема да  престане тука, како „Алумни Песталоци“ ние веќе имаме идеи за следни настани, ќе бидеме вклучени во сите контакти со меѓународни организации коишто се грижат за заштита на архитектонското богаство на самото училиште, бидејќи како проект е во Њујорк изложено во име на самиот архитет кој го градел. Голема благодарност за несебичната поддршка на целиот тим на „Песталоци“, меѓу кои сега има и професори што биле поранешни ученици- завршува Александар.

- Со Вашата донација ни овозможивте да создадеме подобри услови за работа со цел успешно пренесување на знаењата до учениците. Вие ни помогнавте полесно да се справиме со предизвиците на онлјан наставата и учењето на далечина. Благодарение на Вас ние сме уште помотивирани да работиме професионално и со многу љубов кон учениците да ја продолжиме нашата учителска дејност. Горди сме бидејќи сме заедно, ние сме ООУ„Јохан Хајнрих Песталоци“ – Скопје- изјави директорката на оваа прекрасна иницијатива.

Секоја чест за иницијативата, љубовта и сплотеноста- само вака треба да се однесуваме во ова време-невреме, и секогаш да се потсетуваме на своите корени, и оние кои се заслужни за она што сме денес.


Д.Караташова Илиоска