Од утре основците без маски ќе можат да одат на училиште

Основците од утре ќе одат без заштитни маски на училиште. Ова е најнова одлука на Владата. 

Владата денеска ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести. 

Главниот координативен кризен штаб за справување со коронавирусот на крајот од минатата недела ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за носење маски во основните училишта, како и препорака за физичко присуство на наставата на факултетите. Тие прифатија и укинување на сертификатите на терасите од кафулињата. 

foto freepik.com