Одби да го соблече, а крвта ниту денес не е исчистена: Таа го носеше најтрагичниот розов костим во историјата

„Нека видат што направија“ - повторуваше таа, одбивајќи да го соблече костимот...

Жаклин Кенеди уште од времето кога беше прва дама на Америка важи за стилска икона чиј префинет вкус и елеганција се паметат и денес. 

Комплетите со здолниште до половина колено, едноставните сакоа со 3/4 ракави, но и фустаните без ракави со А - крој, во комбинација со ракавици кои завршуваат над лактите, станаа препознатливи парчиња кои се поврзуваат со нејзиното име. 

Токму „Шанел“ беше нејзиниот избор за фаталниот ден кога во Далас беше убиен Џон Кенеди.

Иако за време на турнејата на аеродромите добиваше жолти ружи, токму тој ден доби букет со црвени.

Џеки во овој розов костим е видена додека се возеше кон Далас во претседателската лимузина, но и додека се обидуваше да се извлече од задното седиште откако беше застрелан нејзиниот сопруг.

„Секој пат кога ќе излезевме од авионот тој ден, добивав жолти ружи. Во Далас добив црвен букет и помислив - колку необично. На крајот седиштето беше полно со крв и црвени ливчиња“ - подоцна се присети Жаклин.

Подоцна во текот на денот Џеки одбила да ја соблече облеката која била целата со крвта на нејзиниот сопруг и постојано ги повторувала зборовите: „Нека видат што направија“.

Џеки овој костим го носеше и кога новиот претседател положи заклетва. Костимот не беше измиен и дамките крв беа видливи.

Ова трагично модно парче, Џеки го носеше шест пати пред кобното патување. И денес се чува во Мериленд, а мајката на Џеки го однела таму 6 месеци по атентатот.

Дамките од крвта уште стојат, а костимот за јавноста ќе биде достапен во 2103 година.

Интригантно е тоа што шеширот на Џеки Кенеди исчезна. По атентатот му се губи секоја трага.