Одлично изненадување: Софи Мило изнајми кино сала за роденденот на партнерот (ВИДЕО)
Манекенката и модел Софија Милошевиќ позната како Софи Мило ужива во врската со фудбалерот Лука Јовиќ. Тие го имаат синот Алексеј, а сега очекуваат уште едно момче. Во исчекување на бебето, Софија често објавува фотки од нејзините модни избори за време на бременоста и воочливо е дека е трудница со стил.
Овојпат сподели емотивно видео од одличното изненадување кое го приредила за 24-тиот роденден на Лука. Кино сала само за нив и пријателите, огромна торта ... секоја чест за манекенката.
- Тешко е да направиш изненадување за некој кој прави изненадувања толку добро. Пресреќна сум што не сфати ништо! Бидејќи сакаме да гледаме филмови решив да ја изнајмам кино салата на Синеплекс и да гледаме видео што го направив за него, а потоа филм. Тоа беше неверојатна организација, големо благодарам до Синеплекс.рс кои го направија секој возможен момент - стави во описот на објавата манекенката.
Манекенката Софија Милошевиќ со нетрпение ги очекува претстојните празници, а за да ја дочека новогодишната магија ја накити елката и го украси својот дом во Мадрид.