ОКОЛУ 800 РЕШЕНИЈА ЗА ИЗОЛАЦИЈА СЕ ИЗДАВААТ ДНЕВНО: „Никој не контролира дали седиме дома“

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во овој период издава околу 800 решенија дневно, освен за викенд кога бројот на позитивните случаи е помал, односно онолку колку што има официјално регистрирани пациенти позитивни на корона вирусот.

-На лицата кои во некоја од лабораториите се потврдени на ковид-19 со PCR тест или со брз антингенски тест, а кои не развиле симптоми на болест односно се асимптоматски случаи, им се одредува домашна изолација од седум дена од денот на тестирањето, додека оние кои развиле клиничка слика соодветна на вирусот, односно се симптоматски случаи, ќе им се одредува изолација седум дена од денот на тестирањето плус три последователни денови ако лицето е без покачена телесна температура, вели дирекотрката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, д-р Ирина Бухова, посочувајќи дека бројот на деновите за изолација е намален со одлука на Влада, а по препорака на Комисијата за заразни болести уште во јануари годинава. Повеќе на Фактор.мк