ОМЕГА СО НОВИ МОДЕЛИ ВО КОЛЕКЦИЈАТА DE VILLE TRÉSOR
За жени кои го обожаваат виткиот стил и едноставноста.
OMEGA во својата колекција De Ville Trésor, додаде нов избор на волшебни модели. Заедно со луксузните материјали, дополнителниот избор на модели додава уште поголема убавина на популарната линија.
Новите модели се достапни со големини од 36 mm или 39 mm. Дамите можат да изберат од традиционалните верзии од не'рѓосувачки челик или оние со злато 18K Moonshine. Оваа уникатна легура, чија боја е инспирирана од сјајната месечева светлина на темно синото небо, нуди побледа нијанса од традиционалното 18К жолто злато, како и голема отпорност на бледнеење на бојата и сјајот со текот на времето.
Во согласност со карактеристичниот дизајн на Trésor, секое куќиште е украсенo со 38 дијаманти full-cut, кои се закривуваат по страните на куќиштето. На секоја круна e поставен и дополнителен дијамант, цвет ОМЕГА направен од црвена течна керамика. Понатаму, часовниците се познати по своето убаво исполирано позадинско куќиште со ефект на огледало, секое украсено со метализирана шема “Her Time”
Оваа шармантна колекција сега е достапна со неколку бои на кожни ремчиња и со низаразлични бои на дајл вклучувајќи: бела, лакирана PVD сина, опал сребрена, лакирана црвена или кафеава боја - сето тоа поставено со безвременскиот изглед на римските броеви. Секој модел исто така доаѓа со целосна 5-годишна гаранција на OMEGA.
Моделите на OMEGA може да ги пронајдете во продажните места на Божиновски часовници и накит: https://bozinovski.com.mk/shops
*Комерцијален текст