Ослабев 108 килограми и останав без бубрег: Неверојатна трансформација скапо ја чинела оваа девојка

Добивај вести на Viber

Тарен Мејвалд (31) од Северна Каролина пред две години изгледала непрепознатливо, со дури 108 килограми повеќе. Сега таа откри како направила неверојатна трансформација, која скапо ја чинела.

Тарен помина низ тешко патување од страшна дебелина, опасна по живот, до сосема нова шанса за иднината.

Имено, таа морала да направи операција за намалување на килограмите, односно намалување на стомакот, за да може да преживее бидејќи имала 190 килограми. Но, поради компликации при таа операција таа остана без еден бубрег.



Но, како што вели, не жали за ништо бидејќи за 12 месеци успеала да изгуби 108 килограми.

Тарен (34) и нејзиното дебелеење биле исто како и кај многу други жени, само што кај неа се отишло до крајности.

По породувањето почнала да се дебелее. Таа има три деца, кои ги добила за две години. Таа прво ја родила ќерката Присила во 2006 година, а потоа и близнаците Паркер и Престон во 2008 година.

Така, по бременоста немала многу време да се врати на старата тежина.

А килограмите се таложеле. Таа цела деценија се борела со дебелината, пред се затоа што се хранела нездраво и не била физички активна.

Пред две години го добиla четвртото дете, но тогаш сфатила дека ќе го пропушти растењето на своите деца доколку конечно не ослабе.

Таа тогаш тежела неверојатни 190 килограми. Ги вратила силите и реши да замине во Мексико на операција за намалување на стомакот.



Во август минатата година отишла на операционата маса знаејќи дека постои ризик никогаш повеќе да не стане од неа.

Се разбудила со 80 отсто помалку стомак.

„Лекарите ми рекоа дека операцијата е многу ризична, но не ми беше грижа за тоа“, рекла Карен на крајот на краиштата.


фото: инстаграм

Ослабев 36 килограми откажувајќи се од една работа, а тоа не е храна: „Ниедна диета не ми помогна додека не го направив ова“