Ослабев 36 килограми откажувајќи се од една работа, а тоа не е храна: „Ниедна диета не ми помогна додека не го направив ова“

Добивај вести на Viber

Бренда Фин (33) од Лондон вели дека отсекогаш имала вишок килограми, но работата ескалирала во 2016 година, кога вагата покажала дека има 98 килограми. Некаде во тој период дознала и дека боледува од алопеција.

- Се сеќавам дека откако се измерив, се погледнав во огледало и си помислив: „Драг Боже, кога точно станав толкaвa? - вели Бренда. И почнала со „диета“, но не со вообичаената бидејќи вели дека точно знаела што го предизвикува вишокот килограми - Фејсбук.



- Рецепти за сладолед, колачи, пици, реклами со сокови ми се појавуваа по цел ден на Фејсбук. Сето тоа беа потсвесни пораки кои ги прифаќав и постојано нешто јадев. Решив да ги избришам Фејсбук, Твитер и Инстаграм и дури тогаш видов одреден напредок во исхраната – вели таа.

Тоа се случило, како што вели, во август 2020 година.

- Тоа беше пресвртница. До тој момент ништо не ми помогна да ослабам бидејќи многу брзо ќе видев слика од вкусно, калорично јадење на социјалните мрежи и ќе потклекнев. Тешко ми беше да се исклучам од социјалните мрежи, но знаев дека тоа е мојот единствен спас - вели таа и додава дека килограмите практично веднаш почнале да исчезнуваат.



Таа во мај годинава веќе имала 69 килограми, а минатиот месец 63 килограми. Таа денес има 61 килограм, а целта и е 57 килограми и убедена е дека брзо ќе ја достигне, само ако се држи до својата диета, а тоа значи исклучување на социјалните мрежи.

- Секој ден се чувствувам се подобро и подобро. Конечно се чувствувам жива. Додека имав прекумерна тежина, некако се навикнав да бидам трома и бавна, се изненадив себеси колку што всушност можев да бидам подвижна. Најдобрата одлука што ја донесов беше да ги избришам социјалните мрежи - вели таа.


Ослабев 14 кг за 12 недели: Ивана во бременоста качила 24 килограми, денес изгледа подобро од било кога