Ослабев 14 кг за 12 недели: Ивана во бременоста качила 24 килограми, денес изгледа подобро од било кога

Добивај вести на Viber

Ивана е девојка која живее во Скопје и која има 28 години. Вработена во приватна фирма и веќе остварена во улога на мајка на едно детенце. Денес e жена мотив и инспирација посебно за мајки по породување, но и за сите оние кои мака мачат со симнувањето килограми.

Општо е познато дека секоја трудница за време на бременоста се здебелува, а кај Ивана, нашата денешна соговорничка, бројката на качени килограми била 24. Токму тоа било пресудно, Ивана да побара стручна помош а за Женски магазин, таа отворено зборуваше за проблемот со кој се соочила, но и од кој излегла посилна, похрабра и посамоуверена.

*За колкав временски период ослабна и колку килограми изгуби додека беше на специјална исхрана. Како почна твојата приказна ?

-Мојата приказна со борбата против вишок килограми започнува кога останувам бремена и доаѓам до една огромна бројка на дебелење односно идам 24 килограми плус. На почетокот да речам спиев на тоа уво дека сум трудница и дека ќе јадам што ми душа сака и кога сакам и дека вишокот килограми ќе ги симнам после бременоста како и секоја друга жена. Став и мислење кои беа многу погрешни за мене. Став и мислење кои ме однесоа во еден многу погрешен правец. 


Како го запознав тренерот и нутриционист Ивица ? Случајно една вечер седев и вртев на социјалните мрежи и налетав на една статија /објава на девојка која ја знам лично и ме заинтерсира. Не го паметам точно насловот, но знам дека беше како успеала да ослабе. Одма отворив и ја прочитав нејзината приказна и останав буквално во шок, баш поради тоа што лично ја знаев. Девојката не личеше на себе. Беше ослабена, разубавена со свежина на лицето, едноставно блескаше . Си реков не е можно ова. Во тој момент одма го пребарав профилот на нутриционистот Ивица Јанев на инстаграм. Отворив почнав да читам, да пребарувам, да гледам и видов еден куп луѓе со проблем како мојот кој успеале да го решат и си реков мора човеков да ми помогне. Сигурно мора. Беше недела и некаде рано сабајле бидејќи се сеќавам бев на работа му заѕвонив и одма ми одговори. Се претставив и на кратко кажав која ми е маката а тој се сеќавам ми нагласи дека денес е недела како ден за одмор меѓутоа нема да ме остави така на чекање затоа што неговиот принцип на работа е 24 часа грижа за неговите клиенти. После 2 дена се најдовме се видовме во живо ми објасни се што е и како е, ѝ ми рече Ивана стартуваш на 24 мај спреми се. 

И така започна се ... Мојата програма траеше 12 недели. За тие 12 недели (по договор со нутриционистот имавме цел да ослабам 12 кила од својата првична телесна тежина ) јас успеав да намалам 14 и пол кг . 

*Имаше ли моменти кога сакаше да се откажеш, од што се плашеше највеќе и каква исхрана практикуваше?

-На почетокот ми беше навистина тешко и ми доаѓаше на моменти да се откажам и да кренам раце. Значи дома домашни обврски дете во фаза на проодување, растење заби неспани ноќи. На работа еден куп задачи кои требаше со одреден рок да ги сработам и на почетокот тоа за мене беше преголем залак бидејќи бев преморена ама си викав Ивана или сега или никогаш. Сама видов дека не можам, дека ми требаше стручна помош и Ице беше тоа што го барав цела година и пол наназад. 

Највеќе страв имав околу исхраната дали ќе успеам да се организирам да стигнам да спремам се тоа што ќе биде потребно, дали ќе го јадам, но ете и во тоа успеав. Храната беше пред се прифатлива од финансиски аспект за нашиот стандард и беше сосема во ред значи навистина една здрава храна која верувам дека секој може да ја конзумира.

Верувам дека многу луѓе јадат ориз, стек, риба, јајца, сезонска салата ... итн значи ништо невообичаено.


- Кој дел од режимот ти беше најтежок, дали некоја омилена храна ти фалеше?

-Тренингот на почетокот за мене беше поим, сосема непознато нешто. Како што поминуваше време од ден за ден јас успевав да бидам се подобра и во тоа. Ги совладав вежбите кои ден денес станаа дел од моето секојдневие. 

*Од кој имаше најголема поддршка и мотив ?

-Најголемата поддршка ја добив пред се од мајка ми и ѝ сопругот. Додека баба го чуваше детето, мама вежбаше. И верувам и стојам зад тоа дека со добра организација секој, ама баш секој може да си дозволи во денот да одвои барем еден час за да промени многу работи во животот. 


- Како се чуствуваш сега кога си полесна, правиш ли редовни здравствени контроли? 

Денес кога ќе се погледнам себе си во огледало сфаќам дека секој труд вредел дефинтивно. Сега мојот живот доби еден многу подобар правец и насока. Нешто на кое особено сум горда сама на себе што успеав и што стигнав до таму каде што сакав дури и отидов малце и повеќе од тоа. Се тоа што ми изгледаше нереално и што си замислував дека нема шанси да е така и за толку краток период да постигне некој таква промена лично денес го почувствував на своја кожа и сфатив дека е возможно и достижно.


*Совет до оние кои се борат со вишок килограми ?

-Сакам да ги советувам сите тие што имаат проблем со вишокот килограми ... масти и се останато апсолутно без двоумење да се обидат да променат нешто кај себе.

Се може да се направи ако психички решиме дека ќе побараме помош и ќе успееме. И секој може да одвои барем еден час во текот на денот лично за себе. Во целиот процес научив дека дисциплината е најбитна а со неа доаѓаат и промените кои ги посакуваме.


Ирена Ставрова