Ослабев од стрес: Весна Петрушевска ја открива тајната на убавиот изглед

Видна е промената во изгледот , но и во расположението на славната актерка Весна Петрушевска. Изгубените килограми, ги надополнува со внатрешната убавина која извира од неа. Постојано се смееше и беше позитивна додека разговаравме.

 - Јас сум под континуиран стрес. Имам и актерска школа. Нон- стоп имаме проби и ангажирана сум со работа околу децата. Постојано сум во некоја трка со времето Природно ми се наметнува да јадам на 12 часа. Не знам колку килограми ослабев. Ми се расипа дигиталната вага за мерење. Но, ако почнам да се мерам, се занесувам. Значи, ослабев од стрес – открива Петрушевска.

Весна е ангажирана и со стендап настапите. Таа е единствената во земјава која доста успешно се носи со оваа „машка професија“.

- Во Америка, има една цела сцена со жени стендап комичарки. Овде нема. Други се хормоните на женскиот стендап, а други се за машкиот. Тврдам дека е секогаш потешко да одиш да гледаш стендап комичарка. Односно да ја освоиш публиката како женска стендап комичарка – открива актерката. 


Паралелно со работата , се посветува и на семејните обврски и грижата околу ќерката Мина. Вели дека многу и недостасува синот Кирил, кој е во Америка кај својот татко Јанко.

- Во ред сум. Затоа што знам дека нему му е ок. Не сум од тие патетични мајки, кои лелекаат и плачат. Ме фаќа плачка од време навреме, да не бидам толку сурова, демек сум храбра. Но, не паѓам во несвест, затоа што знам дека таму не е сам. Таму има и татко. Тоа е најважно.Кирил е супер. Од август ќе оди во камп, се запиша на Универзитет. Многу е добро што отиде таму и што Јанко, заедно со неговата сопруга, се нафати да го дошколува и да му го отвори патот. Живеат во Хјустон. Кирил одлично се снајде и трета и четврта година средно образование заврши таму. Мислам дека тој отсекогаш беше предодреден да оди и да учи во Америка. Имаме супер комуникација со Јанко. Како што требало да биде и порано. За таа дисфункционалност треба да помине време, за да почне да функционира. Затоа што и тој има свое семејство. Тука сме јас и Мина, тој има уште две деца Мина и Мила. Така што заради децата мора да сме најдобри посочува Петрушевска.

 *С.А.Н

Фото: Вангел Тануровски