Ова ми го замеруваат и сегашната и поранешната сопруга: Иван Ивановиќ искрено за родителството и односот со постарата ќерка

Иван Ивановиќ никогаш волку искрено не зборувал за односот со постарата ќерка...

Отсекогаш биле ретки приликите, а изгелда дека во последните години стануваат уште поретки, во кои познатиот водител Иван Ивановиќ зборува за неговиот приватен живот, особено ако темата е поврзана со неговите најблиски луѓе, пред сѐ неговата ќерка. Затоа е изненадувачки колку отворено зборуваше за себе како родител во едно интервју, кое неодамна го даде за емисијата „Во суштина“. Ивановиќ одговараше на бројни прашања за врската со постарата ќерка Сташа, која инаку е истакнат шампион во танц во Србија. Во продолжение ви пренесуваме делови од тој разговор и моменталните ставови на Иван за моделот на родителство што тој го поставил во односот со наследничката.

„Секогаш сум искрен со ќерката, некогаш сум дури и премногу слободен во односот со неа, тоа е нешто што ми го замерува поранешната сопруга, но и сегашната. Бидејќи сум израснат во атмосфера на цврста, челична дисциплина тоа во мене пробуди бунт подоцна во животот, па желба ми е со своите деца го прават спротивното. Во воспитувањето на ќерка ми, најважно ми е таа да израсне во добра, чесна и искрена личност коа е слободна. Меѓутоа, можеби бидејќи е моја ќерка да е и премногу слободна. Тешко е да се изгради авторитет со неа, знае да биде тврдоглава, но е прекрасна личност, емотивна и ранлива. Сега мислам дека со таа генерација тешко е да се пронајде некој друг пристап. Кај нив сѐ е брзо и површно, што е последица на технолошкиот бум во кој растат“ - наведе Ивановиќ кој не спаѓа во родителите кои секојдневно ги опсипуваат децата со различни совети, но смета дека тоа го прави во вистински моменти.

„На ќерка ми и давам совети, но само кога чувствувам дека можам да ѝ пружам нешто корисно. Ја советувам како да успее, како да ги оствари своите цели. Таа некогаш сама доаѓа по совет, иако најчесто има желба работите да ги реши сама. Ја разбирам, не ѝ беше лесно во животот што е ќерка на познати личности. Се сеќавам дека одеше на некое натпреварување во танц каде ќе освоеше злато, а потоа ќе ѝ зборуваа дека тоа ѝ го наместил нејзиниот татко. Таа го носи тој притисок на моето име и некогаш мислам дека намерно одбира професија со која јас немам никаква врска за да би можела да каже дека навистина успехот го постигнала сама“ - истакна водителот и додаде:

„Ни мене не беше лесно, бидејќи никогаш не сум одел таму каде што сакав да одам. На пример, со години не можев да одат по неа во уилиште, бидејќи доколку се појавев во училишниот двор децата ќе скокнеа на мене, ќе бараа автограми, а потоа на неа би ѝ било непријатно и би ме замолила повеќе да не доаѓам“  - кажа Ивановиќ, кој гледа вистинска штета во тоа што ќерка му нема да го наследи во работата со кој тој се занимава.

View this post on Instagram

A post shared by Ivan Ivanović (@veceivan)

„Кога беше мала ѝ зборував дека има шанси да стане српската Сара Сиверман или српската Елен Деџенерис, бидејќи го има тој вид на топлина, духовита е, добро изгледа пред камерите, а потоа сфатив дека од тоа нема да биде ништо, затоа што јас сум ѝ татко. Бидејќи некој би кажал: „види го, сега и ќерка му ја донесе на телевизија“. Поради тоа, таа прими разни удари во животот, затоа што јас сум ѝ татко и доживеа многу работи. Мене ми е жал поради тоа, но никако не можев да го спречам тоа“ - кажа познатиот водител.

фото: Инстаграм