Парис Хилтон брои ситно: Се ближи денот на венчавката, а богатата наследничка ја направи последната проба на фустанот

ТВ ѕвездата и наследничка на синџирот хотели Хилтон е снимена во Холивуд за време на проба за венчаница

Соништата на богатата наследничка на ланецот хотели „Хилтон“ се остваруваат бидејќи таа и нејзиниот вереник Картер Реум на 11 ноември ќе запловат во брачното пристаниште.

Богатата наследничка се сврши со 40-годишен вложувач во ризични фондови во февруари оваа година, по една година врска. Реум ја запросил на приватен остров, со прстен од смарагд-дијамант дизајниран од Жан Дусет.

View this post on Instagram

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)



„Возбудена сум поради ова следно поглавје и имам поддршка од таков партнер. Нашата врска се заснова на еднаквост и меѓусебно правиме подобри луѓе. Апсолутно вредеше да се чека“, изјави Хилтон по свршувачката за Вог.

Гласините за нивната врска започнаа во јануари 2020 година, кога на Златните глобуси потоа без воздржување си покажаа нежност.

View this post on Instagram

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)



Деталите за свадбата на Парис Хилтон сѐ уште не се познати, но познато е дека церемонијата ќе трае цели три дена.

Имено, дел од светските медиуми пишуваат дека Парис ќе носи 11 фустани, а тоа нема да не изненади воопшто со оглед на фактот дека венчавката е на 11.11, односно за 4 дена.

FOTO: Instagram