Петоците резервирани за дружби со домашни ѕвезди: Журка со Тамара, ама на дистанца!
После неколкумесечна пауза заради корона кризата полека почнува да се враќа животот, а со тоа, секако, и оној ноќниот и забавите. Со оглед на тоа дека меѓу најпогодените од кризата се токму оние кои се задолжени за добрите журки и убавото расположение, тимот на Intermezzo Music Bar задржувајќи ја традицијата да биде секогаш уникатен и поразличен од останатите, а со цел придонес и поддршка на домашните изведувачи во овие тешки времиња, стартува со кампања под мотото ПЕТОЧНО ДРУЖЕЊЕ на растојание со ѕвездите на домашната музичка сцена. Прва на списокот е Тамара која во живо, во петок на сцената ќе ги отпее своите најголеми хитови.
Журката со Тамара е закажана на 26 јуни со почеток во 20 часот. Бројот на влезници е ограничен, затоа што од првиот музички бар кај нас велат дека журката ќе биде според сите пропишани прописи и протоколи, односно со целосно почитување и применување на препораките на МЗ и на соодветна социјална дистанца.
- Да се биде општествено одговорна компанија со себе носи огромна одговорност на која постојано треба да се работи. Intermezzo Music Bar во целост беспрекорно ги следи, почитува и применува препораките на МЗ, а како организација која има задача да се грижи за расположението на нашите посетители, дава скромен, но веруваме значаен придонес и поддршка за домашните изведувачи. Само преку свесно и одговорно однесување можеме да ги надминеме пречките и да се вратиме кон здравствена и економска стабилност, насмеани лица и позитивни мисли. Продолжуваме да работиме со мотото – Сплотени можеме повеќе!“, велат од единствениот музички бар во земјава.
Списокот на уметници кои ќе бидат дел од најавената петочна дружба е долг, а честа да го отвори серијалот ѝ припадна на Тамара