Пијано вечер со младиот пијанист Милан Дучевски
Првиот соло настап на младиот пијанист Милан Дучевски, во Пиjано Центар-от при Националната Опера и Балет, ќе се емитувана Фејсбук страницата и на YouTube каналот на приватното училиште Пијано Арт денеска на 22 јуни 2020, во 20.00 часот.
Овде се линковите.
Промотивно видео -најава за концертот: https://youtu.be/XH1dA_mxf7Q
Премиера на Facebook: https://www.facebook.com/pijanoart/
Премиера на YouTube:https://youtu.be/po-AlyEM-o0
Програмата ги вклучува следните дела:
Ј. С. Бах – Трогласна инвенција бр.15
Л. ван Бетовен – Пијано соната Oп.10 бр.1
Ф. Лист – Eтида Oп.1 бр.4
А. Хачатурјан – Токата
…
Ф. Шопен-ВалцерOп. 64 бр. 1
Т. Зографски - Минијатури, бр. 2 и 3
С. Рахмањинов-Прелудиум Oп. 3 бр. 2
…
Ф. Шопен-Ноктурно Оп. 9 бр. 2
Милан Дучевски е роден на15.08.2005 во Скопје. Своето музичко образование го започнува во Пијано Форте, по што продолжува во приватното музичко училиште Пијано Арт во Скопје, во класата на проф Маја Стојановиќ. Тој има учествувано на повеќе национални и меѓународни натпревари и семинари на кои има освоено високи награди. Минатата година, на покана на професор Ана Велиновска, Милан учествуваше на меѓународната летна школа во Лилиенфелд, Австрија, каде доби многубројни пофалби за неговата музичка изведба. Милан ќе го продолжи своето музичко образование во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј„ со цел да ја оствари својата животна желба да стане професионален пијано изведувач.