Писмо на момче адресирано до Рајот и неговиот покоен татко: Одговорот што го доби ќе ве стопи

Седумгодишниот Џеси Хајдман, сакал да му испрати писмо на својот починат татко, а за да биде сигурен дека писмото ќе пристигне на вистинското место, тој имал чудно барање до вработените во поштата.

Џеси и татко му, пред 5 години

Момчето, кое живее со неговата мајка и сестра во Блекбурн, напишало писмо, по што напишало барање на задниот дел од пликот, кое ги допрело сите вработени во поштата. „Почитуван чичко поштар, ве молам, доставете му го ова писмо на мојот татко во рајот“, напишал тој.


Кога писмото пристигнало во британската Кралска пошта, тие ја забележале пораката, по што решиле да му кажат на момчето како успеале да ја достават на даденото место. Шон Милиган од „Ројал пост“ му се обратило на момчето со писмо, а социјалните мрежи „гореа“ за неговиот гест со денови, откако мајката на момчето, Тери, ја објави целата приказна на својот Фејсбук профил.

- Почитуван Џеси, сакаме да ве известиме дека вашето писмо успешно пристигна во рајот. Малку беше тешко да се избегнат сите ѕвезди и други небесни тела, но успеавме и татко ти го доби писмото. Ќе продолжиме успешно да доставуваме писма до небото - напишаа од поштата.


Мајката на момчето вели дека е пресреќен, и дека постојано повторува дека неговиот татко конечно го добил неговото писмо.


Фото:  Courtesy of Teri Copland/Printscreen/yahoo

Можеби ќе ве интересира:

Има само една желба: Го отвори писмото од синот до Дедо Мраз и се расплака