По 13 години врска и четири деца се венчаа Мирка Васиљевиќ и Вујадин: Актерката избра необична венчаница (ФОТО)

Првата фотографија од свадбата - Мирка во фустан кој го одзема здивот, Вујадин направи необичен избор на чевли со костумот.

Познатиот пар се венчаше во тајност, а сега се појавија и првите фотографии од младенците.

Српската позната актерка Мирка Васиљевиќ и нејзиното долгогодишно момче фудбалерот Вујадин Савиќ со кого има четири деца, неодамна се венчаа, а денес имаме можност да видиме како изгледале младенците.

Еден од најмладите и најубавите парови веќе има четири деца, а сега решиле да станат маж и жена пред законот. Познатиот пар сакаше се да направи во тајност, но нивниот пријател, моден дизајнер, не одолеа да покаже барем еден детаљ во јавноста, па од таму дознаваме за овој прекрасен чин на љубов.

View this post on Instagram

A post shared by Savic Vujadin (@savicvujadin)


Мирка за оваа пригода избра многу убав, раскошен беж фустан, со безброј светкави кристали.

Таа носеше елегантни сандали во иста нијанса, а она што на сите им падна во очи е фактот што на нејзиното лице постојано блеска насмевка. Очигледно актерката едвај го чекала овој момент, па уживаше во секој момент.

Вујадин за оваа пригода носи темносин костум, и се одлучи за патики, на кои има нитни и бели врвки.

Пред да се венчаат тие беа во врска 13 години.

Инаку актерката стана популарна по улогите во „Ми нисмо анџели“ и ситкомот „Љубав, навика и паника“.

фото:INSTAGRAM
извор:GLOSSY