По 17 години љубов го очекуваат своето прво дете: Мери и Рафаел Надал сè уште молчат за среќната вест, но веќе не можат да ја кријат

Рафаел Надал и неговата сопруга Мери Перело очекуваат принова по 17 години романса.

Мери Перело, сопругата на тениската ѕвезда Рафаел Надал е бремена со нивното прво дете.

Романсата на овој пар трае веќе 17 години, па оваа вест ги израдува сите нивни блиски. Се шпекулираше дека доаѓа новодојденец во семејството кога Мери почнала да носи поширока облека, но парот никогаш ништо не коментирал, како во овој случај кога веста ја објави шпанскиот магазин Hola!


Мери и Рафаел беа во врска 14 години пред да се венчаат во 2019 година. Мери е инаку позната по тоа што многу ретко или воопшто не настапува во јавноста. И двајцата се мистериозни и не сакаат да се фалат со својот лагоден живот. Мери не патува ни на натпревари со Надал бидејќи како што еднаш изјави, тоа не би било добро за него или за неа.

„Му треба простор кога се натпреварува. Самата идеја да бидам околу него цел ден во тие моменти ме гуши, а исто така, тој сигурно би се грижел за мене тогаш цел ден. Ако го следам насекаде, ќе има голем ризик да не се сложуваме толку добро“, рече Мери, која не е типична жена на спортист. Не сака скапа облека, а работи како проект менаџер во хуманитарната организација на Надал.


Фото: Инстаграм / Youtube - screenshoot

(ФОТО) Совршена свадба: Рафаел Надал ја ожени љубовта од своето детство