(ФОТО) Совршена свадба: Рафаел Надал ја ожени љубовта од своето детство

Еден од најпознатите шпански тенисери, Рафаел Надал (33) по 14-годишна врска во јануари ја побара за жена својата девојка Марија Франциска Перељо (31). Се шпекулираше дека парот ќе стапи во брак по тенискиот турнир „Ролан Гарос“, но тенисерот изјави дека не знае од каде потекнуваат овие информации.

Тој ја запроси својата девојка пред неколку месеци, кога популарната двојка беше на романтично патување во Рим, а свечената церемонија се одржа викендов во Мајорка.

Ова се официјалните фотографии од интимната церемонија, на која невестата носеше венчаница од славната дизајнерка Роса Клара.

Околу деталите за свадбата, Марија имала посебни барања во врска со храната, за која беше задолжен познатиот шпански кувар Quique Dacosta, а познатиот тенисер уживаше во оброк, базиран на зеленчук. За останатите гости имало традиционален шпански ручек со месо и риба, откива шпанскиот „Telenco“.