РАФАЕЛ НАДАЛ КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ЖЕНИ: Која е вереницата на славниот тенисер?

По 14 години врска, Рафаел Надал (32) ја запросил девојката Марија Франциска Перељо (30), тврди магазинот „Хелоу“. Тајното запросување наводно се случило уште пред неколку месеци кога популарната двојка била на романтично патување во Рим, но одлучиле сѐ уште да не ја обелоденувцаат убавата вест. Магазинот дополнува дека свадбата на еден од најдобрите светски тенисери ќе се случи наесен годинава на Мајорка.

Марија е директорка на хуманитарната фондација која Надал ја основа уште пред една деценија, а дипломирала бизнис. 

Рафаел во неколку наврати има изјавено дека е „семеен човек“ и дека сака деца, но и дека поради тенисот досега немал можност да се посвети на проширување на семејството.