По 2 години врска и приказна за брак, моето момче исчезна: Го немаше 7 дена, а она што ми го откри полицијата ме шокира

Корисничката на ТикТок која се претставува на оваа мрежа како Кетрин го сподели трауматичното искуство низ кое поминала со нејзиното поранешно момче, а нејзиното признание стана вирално - го видоа над 8,5 милиони луѓе

„Во април 2020 година, момчето со кое бев две години одеднаш исчезна. Кога го пријавив како исчезнато лице, полицијата ми рече дека моето момче не постои. Така открив дека мојот поранешен ме излажа за неговиот вистински идентитет (и се‘ друго). Ме лажеше две години. Решив да ја споделам мојата приказна на ТикТок за да се обидам да најдам одговори и да разберам што се случи. Видеото експлодираше и очигледно тоа го виде и мојот поранешен. Го знам тоа бидејќи наскоро добив предупредувачко писмо од неговиот адвокат“, ја започна Кетрин приказната.

„Со месеци чувствував дека морам да молчам и да бидам контролирана. Но, решив дека повеќе нема да дозволам никој да ми се заканува, заплашува и манипулира. Избирам да ја кажам вистината“, додаде таа.

Кетрин продолжи со своето признание бидејќи истакна дека „сака да им помогне на другите да ги препознаат црвените знамиња во врската“.

Таа откри дека со момчето се запознала преку социјалните мрежи и дека почнале да се забавуваат во 2018 година, бидејќи „веднаш сфатила дека тој е се‘ што бара кај партнерот“. Кетрин, исто така, истакна дека не и пречи да биде „често зафатена“ поради обврските како деловен консултант, бидејќи на почетокот не сакала ништо премногу сериозно.

„Почнавме да се гледаме само еднаш неделно, но јас брзо се заљубив. Но, само затоа што бев толку заљубена, ги игнорирав овие очигледни црвени знамиња: секогаш се гледавме во хотел, двапати го добив истиот подарок, тој не тврдеше дека има социјални мрежи“, објасни оваа млада Американка.

Работите ескалирале кога дошло до точка кога таа рекла дека го сака, кога тој се дистанцирал тврдејќи дека неговата мајка боледува од рак.

„Мораше да ги напушти Хаваите и да се врати во Њу Џерси за да се грижи за неа, а јас бев скршена“, рече таа, додавајќи дека ја продолжиле врската на далечина, а се среќавале еднаш месечно во Њујорк.


„Ме оставаше во хотелот и ќе дојдеше да ме посети неколку пати, но јас постојано му велев дека би сакала да се сретнам со неговата мајка, семејството и пријателите. Тој тврдеше дека неговата мајка не сака посетители, и дека не му се допаѓа неговото семејство“, продолжи таа со својата исповед.

И покрај сите предупредувачки сигнали, Кетрин му прогледувала низ прсти, мислејќи дека проблемите произлегуваат од стресот поради болеста на неговата мајка. И покрај се‘, нивната врска напредувала, парот дури почнал да зборува за брак и деца.

„Тоа беше прв пат кога бев навистина возбудена да го поминам животот со некој друг. Но, како што одминуваше годината, тој се оддалечуваше, а потоа во еден момент не ми пишуваше една недела и престана да ме зема. Моите пријатели ми рекоа дека најверојатно ме изневерува или има друго семејство, но јас едноставно не сакав да верувам во тоа“, рече Кетрин.

Проблемите стануваа се поголеми - тој рекол дека неговиот татко имал туберкулоза, што ги дистанцирало уште повеќе. Како и да е, Кетрин во 2020 годиан се преселила во Њујорк поради пандемијата на коронат вирус, кога врската на парот започнала да оди во надолна линија.

Нејзиното момче тврдело дека неговата мајка умира и дека сака да биде со неа, а потоа добил корона вирус, поради што бил хоспитализиран. После тоа, тој едноставно исчезнал и престанал да ѝ одговара на нејзините пораки и повици.

„Една недела подоцна, кога и да му се јавев, добивав говорна пошта. Се јавив во секоја болница во Њу Џерси и немаше никој по негово име хоспитализиран. Таа барала било што за него, но не можела да најде ништо. „Го пријавив како исчезнато лице, но ниту полицијата не можеше да го најде неговото име. Сфатив дека лаже за неговиот идентитет“, заклучила таа.

На крајот, таа повторно аплицирала за апликацијата преку која се сретнале и видела дека бил активен само три дена претходно: „Сакав логичен одговор, но знам дека неговите постапки не беа логични“.

Кетрин го заврши ова признание со изјава дека се чувствува предадена, но дека не е лута и дека сака тој едноставно да го добие она што му треба.


Фото: Инстаграм

Ги натера родителите да замижат, го вклучи екранот и им ја призна својата тајна: „Се прашувате од каде наеднаш добив толку пари ... еве го одговорот“