Ги натера родителите да замижат, го вклучи екранот и им ја призна својата тајна: „Се прашувате од каде наеднаш добив толку пари ... еве го одговорот“

Презентацијата на Power Point обично е сигнал за поместување на здодевниот дел од деловниот состанок. Сепак, оваа девојка направила презентација пред своите родители и на тој начин им ја признала шокантната вистина за себе.

Лекси од Портланд, Ореган, одлучи да им ја признае на родителите вистината за нејзината професија, која долго време се двоумеше дали да им ја каже. Таа одлучи да го стори тоа со помош на презентација - им рече на родителите да седнат, ги натера да замижат додека ја постави презентација наречена „Имам тајна“, а потоа започна.

Таа им рече на родителите да ги отворат очите и започна: „Пред да започнете да се грижите, треба да знаете дека оваа тајна што ви ја кажувам се однесува само на мене и на мојот живот. Тоа не влијае на никој друг. Мислам дека немам обврска да ви ја кажам, но ќе ја кажам бидејќи сакам луѓето што ги сакам и на кои најмногу им верувам да ја знаат вистината за мојот живот и да учествуваат во него. Оваа тајна значи дека сум талентирана и моќна. Оваа тајна не значи дека бремена сум или дека сум во опасност - вели Лекси и тогаш започнува откритието - таа е стриптизета, им признава на родителите. 

- Дали сте спремни? Јас сум стриптизета и уживам во тоа. Сигурно се прашувате зошто. Па, јас работам во безбедна средина каде што можам да се изразам на начин што ми одговара. Како знам дека сум безбедна? Нема опијати, нема опасности и сопствениците се грижат за своите вработени. Дали е тоа одговорот на вашите прашања за тоа како одеднаш можам да купам скапи работи? Апсолутно да. Јас заработувам многу пари. Дали правам нешто друго освен танцување? Не, јас само танцувам. Дали е тоа непријавена работа? Не, плаќам даноци - вели Лекси во видеото што го гледале над пет милиони луѓе.

Нејзината, како што ја опиша мајка „конзервативна христијанка“, веднаш ги сподели своите впечатоци: „Ти благодарам што си искрена. Мило ми е што уживаш во тоа што го работиш", рекла мајката, а потоа искоментирала дека "и сама била изненадена од тоа дека е горда поради тоа“.


Фото: Printscreen

Трите мои ќерки веќе не се жени, јас сум единствената преостаната жена во семејството, тагувам поради тоа: Познатата водителка шокираше со исповедта