Трите мои ќерки веќе не се жени, јас сум единствената преостаната жена во семејството, тагувам поради тоа: Познатата водителка шокираше со исповедта

Познатата британска водителка, вокален тренер и жири на бројни музички натпревари таму, Кери Грант (56), за медиумите откри дека таа е „единствената жена што останала во семејството“, откако нејзините три ќерки се изјасниле како транс или не-бинарни.

Водителката има четири деца со нејзиниот сопруг Дејвид Грант, член на фанк групата Линкс од 80 -тите години, од кои три не се идентификуваат со полот што го добиле по раѓањето. Кери истакна дека сега ги поддржува своите деца, но дека и требало време да продолжи понатаму и дека „тагува“ откако сфатила дека повеќе нема ќерка.

Во интервју за Сандеј Тајмс, таа рече дека ниту едно од нејзините деца не земало полови хормони, иако можеби ќе можат да го сторат тоа во иднина, но дека се грижи да го задржи нивниот „не-бинарен статус“ што е можно подолго додека размислува разни опции. 

Кон крајот на минатата година, во еден момент, си помислив: „О, немам повеќе ќерки“. Како мајка, отсекогаш сум сакала ќерки. Јас сум единствената жена во семејството. Некако успеав сама на себе да си кажам: во ред, морам да го надминам ова и да продолжам понатаму“, рече оваа водителка.

Најстарото дете на славната брачна двојка е Олив Греј (26) која се декларира како не-бинарна и користи заменка тие/нивните, додека најмладата Арло (15) се идентификува како деми девојка - личност која е жена по раѓање, но не се чувствува целосно како жена. Нивната средна ќерка Тајлан, инаку прва аутистична актерка, исто така минатата година се декларираше како не-бинарна личност и тоа го сподели на Инстаграм.

Во декември, овие девојки посочија дека признанието дека се не-бинарни пред нивното семејство е најголемото  достигнување во 2020 година и најголемата промена во нивните животи. 

Кери призна дека повремено не се однесува правилно со своите деца, и дека се обидува да се извини и „да продолжи“.

Патем, сите деца на оваа двојка страдаат од разни нарушувања во однесувањето, и оваа дама постојано зборуваше за предизвиците за воспитување деца со посложени потреби. 

Олив страда од нарушување на хиперактивноста со недостаток на внимание (АДХД) и диспраксија, додека Тајлан има Аспергеров синдром и дискалкулија. Арло е аутистична и има АДХД, додека нивното најмало дете Натан, кое го посвоиле кога имал две години, исто така страда од споменатиот проблем.

„Кога сме заедно, може да биде најубавото лудило кога се смееме и шегуваме. Или треба да се справуваме со проблеми во однесувањето бидејќи едно или повеќе деца почнуваат да бидат насилни и незадоволни. Или едно од нив е близу до депресија, а вие треба да разговарате со нив, да им дадете волја за живот “, рече Кери во една прилика.


Фото: Profimedia

Славната актерка се претстави како маж: Викајте ме „тој“