По објавата на Цветанов се огласи и Дунавка: Господинот нека се посвети на своите обврски, функции и деца

Откако вчера Ване Цветанов објави на својот Фејсбук профил дека четири месеци по црковниот брак, одлучиле да стават крај на љубовната приказна со Дунавка, но потоа го избриша статусот, сега се огласи и Дунавка.

Познатата и една од најкоментираните на социјалните мрежи, наша манекенка, Дунавка Трифуновска му посочи на Ване, кој наскоро ќе биде нејзин поранешен сопруг, да ги постави своите државнички интереси пред личните и да се посвети на своите обврски, своите функции и своите деца. Таа смета дека нема потреба од јавно изнесување на детали за нивниот развод.

Нејзиниот статус во целост:  

„Иако #фб за мене не е медиум како и злоупотребата на моето име на истиот во определени статуси со цел да бидат сензационалистички е одобрен, моите одлуки се истите што сум ги донела во јуни минатата година.
Истата сум и јас.
Мојата одлука дека минатото не треба да „пушта ларви“ во сегашноста, а ни малку да биде „едно“ со иднината, кога ќе биде испочитуван ,тогаш може да гледаме други епизоди.
До тогаш, господинот треба да се посвети на своите обврски, своите функции и своите деца.
Дали тоа ќе го направиме во локален, европски стил или погубно во идејата  „како мама каже...“ е личен избор.
Како носител на јавна функција во овие времиња треба да умее да ги постави своите државнички интереси пред личните.
Тоа е мојот став и денес и вчера и пред една година. Тоа е мој став и во понеделникот кога се видовме пред сведоци на тајна закажана средба од негова страна на која не бев информирана дека ќе биде присутен!
Јас тајни немам.
Чувам туѓи тајни, тоа го правам маестрално.
Некогаш треба да умееш сам да ги надминеш облаците, за да го имаш сонцето“ - јасна е Дунавка.