Пред 4 месеци склучија црковен брак, сега се разведуваат: Дунавка и Ване ставија крај на љубовната приказна

Познатата и една од најкоментираните на социјалните мрежи, наша манекенка, Дунавка Трифуновска летово се пофали дека има ново момче, па „рипна во тавче“.

Потоа, нејзиниот партнер Ване Цветанов, на денот на неговиот роденден, ја објави веста за веридбата на својот профил на Фејсбук,  каде добија бројни честитки од своите познаници и пријатели. А на 9-ти март, се пофалија со фотографии од денот на нивното склучување на црковен брак, 

Иако од фејсбук профилот на Цветанов и Дунавка можеше да се види дека тој и неговата избраничка Трифуновска се среќно вљубени, вчера Ване објави дека сепак одлучиле да стават крај на љубовната приказна.

Тој напиша дека се два различни света и увиделе дека е невозможно тие света да се спојат. Ѝ посака се нјубаво и соопшти дека ќе се посвети на кариерата и неговите деца.

Ова е неговиот статус во целост, кој го избриша набргу потоа откако го објави, Дунавка пак се нема огласено по повод разделбата.