Пред два месеци склучија црковен брак, сега се на меден месец: Дунавка и Ване уживаат во љубовта (ФОТО)

Пред два месеци склучија црковен брак, сега уживаат на меден месец.

Познатата и една од најкоментираните на социјалните мрежи, наша манекенка, Дунавка Трифуновска летово се пофали дека има ново момче, па „рипна во тавче“.

Веста за веридбата ја објави на својот профил на Фејсбук, нејзиниот партнер Ване Цветанов, на денот на неговиот роденден, каде добија бројни честитки од своите познаници и пријатели. 

Деновиве парот е на меден месец во Црна Гора, каде уживаат во убавините на Порто Монтенегро.

Тие се пофалија со фотографија од денот на нивното склучување на црковен брак, на 9-ти март.

Од фејсбук профилот на Цветанов и Дунавка може да се види дека тој и неговата избраничка Трифуновска се среќно вљубени.

фотографии:Facebook