Актуелно // Insta вести
Каков дедо, таков внук: Тања Кочовска за роденденот на Јоаким, наполни 2 годинки (ФОТО)
Познатата македонска актерка Тања Кочовска објави интересна фотографија по повод роденденот на нејзиниот внук Јоаким
Имено внукот од нејзиниот син Александар и снаата Моника наполни две годинки, а на фотографијата е со дедото Предраг. Тие позираат во исти дресови, од фудбалерот Роналдо.
- Јоаким (мал Роналдо) 2 години - напиша актерката за фотографијата.
- Станав баба на Јоаким. Многу сум радосна. Отсекогаш сум сакала да бидам баба, уште од млада, моите пријатели тоа го знаеја и ме викаа бабо. Мајката и бебето се супер. Син ми е сега на посета кај нив, по него, одам и јас. Уште сме сите во бунило, и не знаеме каде ќе славиме и кога, но за ваков убав повод, лесно е да се договориш“, рече Тања пред две години на денот на раѓањето на внукот.