По разводот и операциите, Крстиња е повторно среќна во љубовта: Во мојот живот се појави господин

Пејачката не ја крие насмевката, која зборува повеќе од илјада зборови...

Крстиња Тодоровиќ се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“, а потоа сите го следеа нејзиниот пат, кога е борбата со килограмите во прашање. Таа направи операција на желудникот, го изгуби вишокот килограми, а потоа направи и операција за отстранување на вишокот кожа и денес изгледа подобро од било кога.

Но, она што сигурно внесе стрес во нејзиниот живот е разводот, а сега пејачката повторно се смее и секако има причина за тоа.

„Одлично се чувствувам, здравствено сум супер, сѐ помина во најдобар ред. Естетските операции поминаа без компликации, а стануваше збор за зафати кои не се едноставни. ИСкрено, се чувствува дека нешто сум правела, но се опоравувам, најважно е додека пеам дека не чувствувам никако тегобии“ - искрена беше Крстиња.

Таа додаде дека сега првпат може да најде модел на костим за капење кој ѝ се допаѓа, но и на коментарите дали е премногу ослабена или треба уште не обрнува внимание.

View this post on Instagram

A post shared by Krstinja Matanović (@krstinja_official)

Крстиња блеска од самодоверба поради новата линија, но призна и дека се појавил некој во нејзиниот живот.

„И едното и другото се во прашање. Постои една убава приказна, а генерално љубовта е таа која не движи во сѐ, така што мојата насмевка зборува повеќе од илјада зборови. Кога ќе се собере сѐ, среќна сум поради трансформацијата и поради еден господин кој се појави во мојот живот“ - мистериозна беше пејачката за „Grand Online“.

фото: Принтскрин / Инстаграм