По самоубиството на нивната 15-годишна ќерка, родителите ги прегледале нејзините тетратки: Откриле страшна вистина

Пријателите знаеле сè, родителите немале идеја што се случува

Тинејџерката Миларај Катани (15) си го одзеде животот на 14 април во Пуерто Десад, Санта Круз.

Самоубиството на тинејџерката го шокираше нејзиното семејство и тие не можеа да најдат објаснување за ваквата постапка, бидејќи таа никогаш не се жалела дека има проблеми.

По прегледот на нејзините лични работи, откриени се индиции дека малолетничката била злоупотребена пред околу две години.

Нејзината сестра е убедена дека овие трауми се причина за самоубиството и бара од обвинителството подетално да го испита овој случај.

- Ние ги проверивме нејзините тетратки, нејзините дневници и бележници. Нејзините пријатели исто така ни раскажаа што знаат. Во мај 2019 година, Миларај била сексуално злоупотребувана од постара личност, човек кој имал способност да ја натера да верува дека е во врска со неа и дека тоа што и го прави е добро - рече сестрата на жртвата Ајелен Катани на прес-конференција, пренесува Кроника.

Таа истакна дека нејзината покојна сестра веројатно имала т.н. Стокхолмски синдром, односно дека била во фаза кога жртвата се заљубува во силувачот. Ужасно е и тоа што семејството воопшто не било информирано за односот помеѓу нивната ќерка и мажот за кој станува збор, додека некои нејзини врсници знаеле за тоа.

- Не знам зошто не ни кажаа за тоа. Очигледно, децата имаат сопирачки за возрасните и не ни веруваат. Злоупотребата се случила во 2019 година, а Миларај се однесуваше нормално цело време. По пандемијата дознавме дека мажот повторно се појавил во нејзиниот живот и дека неколку дена откако повторно го видела, извршила самоубиство - убедена е сестрата на жртвата.


Фото: Screenshoot

Можеби ќе ве интересира:

Мрачното минато на популарната манекенка: Поради депресија се обидела да си го одземе животот, а потоа добила предупредување