Почина актерот Марко Живиќ: Водителката Наташа му е поранешна сопруга и беше со него во најтешките моменти

Поранешната сопруга на починатиот актер едвај проговори од шок кога дозна за неговата смрт.

Марко Живиќ почина по борба со коронавирусот на 49-годишна возраст, а неговата поранешна сопруга се скрши од тага кога ја слушна веста.

Водителката Наташа Павловиќ - „Практична жена“, телефонски од медиумите дозна дека Марко Живиќ, со кого беше во брак четири години, почина, а веста ја шокираше.

- Марко почина? Извинете во шок сум, не можам да зборувам сега - рекла таа и ја прекинала врската - пренесуваат српските медиуми.

Тие двајца беа во контакт и по разводот, а Живиќ во една прилика и го потврди тоа:

- Што се однесува до Наташа, неодамна и честитав за раѓањето на второто дете. Јас и Наташа бевме пријатели додека бевме во врска, и така останавме по разводот. Кога се среќаваме, разговараме убаво. Мислам дека тоа е нормално. Можеби искуствата на некои други луѓе се потрауматични, моите не - рече Марко во една прилика.

Актерот беше опериран во 2008 година, откако беше откриено дека има малигнен рак на хранопроводот и желудникот, а во тие моменти негова поддршка, меѓу другите, беше и од неговата поранешна сопруга - водителката Наташа Павловиќ.

Наташа исто така беше голема поддршка за Марко додека се бореше со болеста и тешките операции на хранопроводот и стомакот. Иако никогаш не сакаа да зборуваат за причините што доведоа до распад на бракот, поранешните сопружници во неколку наврати истакнаа дека останаа одлични пријатели и по разводот.

Актерот Марко Живиќ почина синоќа на 49-годишна возраст, откако беше хоспитализиран пред десет дена, кога беше откриено дека има коронавирус.

фото/извор:kurir.rs/novosti.rs