Почина Мерима Његомир, бисерното грло, пејачка со глас кој ретко ќе се повтори

Една од најголемите српски пејачки со бисерен, ненадминлив глас, почина на 69-годишна возраст.
Мерима Његомир ќе остане запаметена по фантастичните емотивни песни кои станаа топлу пополурани, што целиот Балкан и денес со задоволство ги слуша.

Оваа информација за Pink.rs низ солзи ја потврди нејзината ќерка Љубица.

„Така е“, кратко одговори таа.

Његомир во својата кариера сними повеќе од 25 албуми и испеала некои од безвременските хитови како „Ivanova korita“, „Ruzmarin“, „Zbog tebe“ и многу други.

Песната „Ivanova korita“, која Мерима ја сними во 2001 година на крајно тивок и ненаметлив начин, стана голем хит.