Погледнете како изгледа во патики министерката Шеќеринска: Смело издание за промена

Радмила Шеќеринска со години е оценувана кај нас како една од најдобро облечените политичарки. Нејзиниот стил низ годините не се менуваше драстично, ама сега е дојден во фаза кога е целосно созреан, таа ја пронашла успешната формула и никогаш не е досадна со изборот на облека.

Навикнати сме да ја гледаме во фустани, но многу ретко во фармерки и патики. Токму така се облече денес на прес- конференција во која беа соопштени деталите за вежбата “Одлучен удар 21” која ќе се одржи на Криволак, како дел од големата НАТО вежба во Европа “Defender Europe 21”.

Министерката за одбрана ја заокружила комбинацијата со марама, а палтото дава посериозна нота. 

Некогаш е интересно да се видат политичарите и во вакво светло и тоа воопшто не е погрешно.

Видео и фото: Фб. профил на министерката