Појадувајте го ова и за месец дена ќе ослабнете 10 килограми

Добивај вести на Viber

Клучна работа за успешно слабеење не е само вкупниот број на калории, туку и времето кога ги внесувате. Доколку се придржувате до оваа диета, може да ослабнете и веќе никогаш да не им се вратите на килограмите.

Појадокот е најважен оброк во текот на денот бидејќи ја обезбедува потребната енергија за остатокот од денот, па од предводничката на диетата „Големиот појадок“ Даниела Јакубовиќ буквално се залага за реализација на изреката „Појадувај како крал, ручај како принц, а вечерај како сиромав“.

Во својата книга „Диетата на големиот појадок“ Јакубовиќ тврди дека појадок од 600 до 850 калории пред 9 часот наутро ќе влијае како сојузник на метаболизмот и драстично ќе поттикне слабеење и ќе ги урамнотежи хормоните, ќе ги согори масните наслаги.

„Обилен појадок ќе го запали метаболизмот, но клучно е појадокот да биде богат со протеини и влакна. Ако се придржувате до сите правила на диетата, за 30 дена може да симнете и 10 килограми, а истовремено си јадете сладолед, пица и намирници кои другите диети не ги дозволуваат“, вели таа.

Кај строгите верзии на Диетата на големиот појадок“ за појадок се внесуваат околу 600 калории, а за ручек и вечера до 300 калории, иако постојат и помали ограничувања на верзијата на диетата.

-Појадокот е важно да се јаде 15 минути по станувањето. Дури и оние кои не чувствуваат глад наутро, после две недели ќе се прилагодат и ќе бидат гладни-истакнува таа.

Што можете да јадете?

Секој ден почнува со обилен појадок и барем половина час за уживање во него. На пример појадокот кој авторката го истакнува се состои од омлет со 3 белки, 50 грама сирење, 50 грама шунка, зеленчук, половина мафина со сирење, снегулки од пченка со 200 мл млеко, смути од јагоди и чоколадни колачи.

Од ден во ден појадокот треба да се состои од седум порции протеини меѓу кои се две порции млечни производи, две порции јаглехидрати, две порции масти и една порција слаток десерт.

Ручекот се состои од три порции протеини, три порции нискокалоричен зеленчук, две порции зеленчук со скроб и една порција овошје. Вечерата се состои од три порции протеини, две порции зеленчук со скроб и две порции овошје.