Поради Николина Пишек ја напушти емисијата: Гоца Тржан полуде на сред програма - го спомна поранешниот и направи хаос (ВИДЕО)

Гоца Тржан еднаш го напушти шоуто кое тогаш го водеше Николина Пишек.

Водителката Николина Пишек со денови е во центарот на коментарите, поради трагичната и ненадејна смрт на нејзиниот сопруг Видој Ристовиќ, но и поради жестокиот конфликт што со денови јавно го води со свекорот Витор Ристовиќ, попознат како Миша Гроф.

Неодамна се појави веста дека Николина по девет години пауза решила да се врати на малите екрани и интензивно бара работа, а многумина добро се сеќаваат на емисиите што ги водеше - особено моментот кога ја извади Гоца Тржан од такт со нејзините прашања.

Таа прво ја потсети Гоца на концертот во Сава кога пееше само пред еден маж, но се интересираше и за нејзиниот интимен живот, како и за „сексуалниот капацитет“ на момците од групата „Килотона“, во која свири и нејзиниот сопруг Раша Новаковиќ.

Сепак, капката која ја прели чашата беше прашањето за нејзиниот поранешен сопруг Иван Маринковиќ.

„Дали сте вие реални дека жената ќе ме прашува ова? Зошто ме прашувате ова? Илјада пати кажав дека нема да одговорам. Ова е смешно. Чао“, рече Гоца и го напушти студиото.

Погледнете го видеото:



Фото и Видео: Youtube