Поради проблеми со срцето, почина лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам

Медиумите на ромски јазик јавуваат дека лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам, починал на 64-годишна возраст. Долгогодишниот политичар починал во клиниката Филип 2 поради проблеми со срцето.

Последна вест за Амди Бајрам беше дека организираше свадба со 600-тини гости за својата внука во Турција, откако претходно ја откажа истата поради коронавирусот во Македонија.